LIBERO BAND

Со вас веќе цели 14 години!

Ние сме повеќе од еден бенд, повеќе од само група музичари. Ние сме една фамилија поврзана со нашата лубов кон музиката. Од скромни изведби до поголеми сцени, сите ние сакаме да jа споделиме нашата страст и приказни со секој што ќе слуша. Придружете ни се на нашето музичко патување додека се стремиме да се поврземе со срцата и душите, една по една мелодија.

Наши престижни награди

ЗА НАС

Либеро бенд е млада поп група која е формирана во 2011 година од страна на Александар Темелковски (бас гитара), Иван Jованов (вокал), Дејан Стојановиќ (тапани). Александар Тасевски (клавијатури и хармоника). Формирана е во Скопје од четворица млади музичари додека учат средно музичко образование. Со иста замисла, како најдобри во своите инструментални класи, неизбежно беше креирањето на ваков тип на бенд. Либеро името доаѓа накратко после првата заедничка проба, додека се истражува во многуте музички книги за да се наіде вистинското и најзвучно име, кое што ќе даде некакво музичко значение. Накратко после првите проби дел од бендот станува и Joрдан Георгиевски кој што свири на електрична гитара.

Со голема желба, после многу проби, многу песни научени до перфекција, и една година подоцна од првата проба, Либеро ja добиваат првата шанса да се покажат пред скопската публика. Набрзо дознава целиот град за млади момци кои имаат амбиции да освоjат се. Настапите по скопските локали почнуваат да се редат многу брзо. Скопје станува веќе мал град за Либеро. Почнува да се реализира и една од многуте желби на момците од Либеро. Да имаат своја песна. Во 2012 година се реализира и првата нивна песна "Ти Признавам". Истата добива и видео запис многу невообичаен за тоа време. Песната добива своја промоција во македонскиот медиумски етер, и веќе цела Македонија дознава за Либеро бенд. Песните се редат една по друга, исто така и настапите по цела Македонија. Сите градови, сите кафулиња и ноќни клубови стануваат дел од месечните агенди на Либеро. Потоа следува и нивната следна песна "Чекај ме" која исто така добива и видео запис, и се потврдува дека Либеро се сериозни во својот музички пристап и во тоа што најдобро го работат. Пристигнуваат и првите понуди за заеднички настани со големи балкански музички имиња како: Цеца. Жељко Јоксимовиќ, Аца Лукас, Амадеус, Харис Џиновиќ... Либеро добива покана и понуда да настапува на најголемите музички фестивали како: Пиво фест Прилеп, Струмица опен фест, Скопје вино фест, многу културни лета.

Што да очекувате од нас?

Забави за сите возрасти и вкусови

Концерти

Забави

Свадби

Матурски забави

За закажување на свадби, матурски забави или било какви соработки, контактирајте не преку едно од копчињата подолy