Во 2012 година се реализира нашата прва песна “Ти Признавам”. Истата добива и видео запис многу невообичаен за тоа време. Песната добива своjа промоциjа во македонскиот медиумски етер, и веќе цела Македонија дознава за Либеро бенд.
2016 година се смета за големо скалило кое го поминуваат Либеро со песната “Твој сам” кoja оригинално е на српски јазик во соработка со наjголемите композитори и текстописци. Спотот е сниман со нова техника на ЛЕД екран, и е со големо динамично темпо. 2017 година Либеро ja создава песната “Спаваш ли” исто така на српски и македонски јазик. И од тогаш започнува лудилото наречено Либеро.
2018 и 2019 година, се можеби најкреативни за Либеро. Четири песни извадени во релативно краток период, во соработка со малку невообичаена комбинација помеґу Либеро, Слаткаристика и 2Бона. Се создаваат песните “Moja”, “Најмила”, “1001”, “Ќе те сакам”. Сите добиваат видео запис и имаат по неколку стотици илјади прегледи на платформата Youtube.
2023 година излегува нашата песна “Ангел” која е работена со музичкиот продуцент Лазар Цветковски.
2024 година Либеро го исфрла последниот сингл, кој што е многу поразличен од се до сега. Песната “Лани” е дело повторно на Лазар Цветковски, и е во три различни стилови.